Лето во Будва: Уживајте во убавините на бисерот на Јадранот

Добивај вести на Viber

Летото веќе дојде, а луѓето околу вас почнаа сериозно да размислуваат за следната дестинација за одмор. Поволната местоположба нидава можност да одбираме помеѓу неколку популарни дестинации за летување, но и оваа година како најпопуларна се покажува прекрасната Будва на Јадранскиот брег. Ако досега не сте ја посетиле Будва, сега е совршено време да го направите тоа. А доколку претходно ја имате посетено, време е да се потсетите на природните убавини и одново да го вдишите воздухот покрај заносната Будванска ривиера. 


Има причина зошто туристите ја нарекуваат Будва „Бисер на Јадранот“. Бидејќи таа, исто како и бисерот, е дар од природата создаден да го направи светот поубав. И навистина, во Будва секогаш има што да се види: од историските градби и уникатната архитектура, преку вкусната локална кујна, па се’ до бескрајните и пространи песочни плажи кои се протегаат ширум Јадранското море. А за да ги доживеете сите овие задоволства нема да ви биде потребен ниту PCR тест бидејќи Владата на Црна Гора реши да ги отвори границите за македонските туристи. 

Зошто Будва е постојано на врвот на листата од најпопуларни дестинации за летно патување? Најпрво, затоа што гостопримливоста на локалните жители ќе направи да се чувствувате добредојтени. Традиционалната љубезност на пријателски расположените мештани од Будванската ривиера е нешто што најдобро се манифестира преку приватните прошетки наменети токму за подобро да се запознаете со природата и културното наследство на овој регион. А притоа, секогаш е позабавно да се биде онаму каде што се „кул“ луѓето. Познати светски и локални актери, музичари и спортисти секоја година ја посетуваат Будва, а во текот на летната сезона тие остануваат и подолго на црногорскиот брег. Оваа лето придружете им се и вие на златните песоци покрај Јадранскиот брег.


По непредвидливите настани што го скратија времето за одмор минатата година, сега Будва е повторно подготвена да ви понуди максимално уживање во вашето летно патување. Сместувачките капацитети веќе работат во полн ек, адаптирани за барањата и потребите на туристите од регионот – во поглед на условите, но и во поглед на цените. 

На 25-километарската ривиера, во приватните сместувања, кои станаа вистинска гордост на Будва, бидејќи им парираат на најквалитетните сместувачки капацитети во хотелите, има околу 32.000 кревети во соби, апартмани, куќи и вили за изнајмување. 

Издавачите на приватни сместувачки капацитети и хотелиери го прилагодија својот бизнис на новонастанатата ситуација и сега, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки и препораки, ви нудат никогаш подостапни аранжмани, со дополнителни поволности, флексибилни резервации и поволности за деца, така што во Будва хотели со 3 * сместување можат да се најдат соби по цена од 25 €, со услуга за полупансион, сместување во хотели во 4 * може да се најде по цена од 32 € па нагоре, додека во хотели со 5 * може да се најде сместување по цена од 60 € по лице и нагоре. Во зависност од видот на приватно сместување, цените се движат од 10 € и нагоре.

Ако и понатаму не сте сигурни каде да отпатувате во летниот период, не размислувајте повеќе! Будва ве очекува!


ПР објава