Лето во септември за водителката: Во вакво издание не сме ја виделе досега - Ужива во автентичниот шарм на ова монденско место

Добивај вести на Viber

Овој продолжен викенд многумина го искористија да го фатат последниот сончев зрак за темен тен, но и да ги уживаат последните топли денови од ова лето.

Водителката од утринската програма на Канал 5 телевизија, Александра Пановска Илиевска ужива во туристичката дестинација сместена во Коста Брава.

„Лето во септември, Шпанија во прекрасниот Лорет де Мар!“, напиша Александра.

Лорет де Мар, град во Коста Брава во регионот Каталонија во Шпанија, е познат по своите медитерански плажи.

Иако можеби веќе го чувстуваме мирисот на есен кај нас, во оваа земја туристичката сезона е во полн ек.

Продавници, ресторани, кафулиња, прекрасни плажи, сѐ она што му треба на едне турист кога е на одмор.

Покрај плажа и море може да се посетат знаменитостите како што се, средновековниот замок Сант Џоан на врвот на ридот, кој на исток, нуди поглед на областа. Централната црква Иглесија де Сант Рома има примеси и на каталонската готска и на модернистичка архитектура.

Веруваме дека Александра покрај уживањето на плажа, ќе посети и да направи по некоја фотографија за спомен  од знаменитостите кои се задолжителни за секој турист. 

Фото: Инстаграм
РЖМ