Лидија Вукичевиќ гори на плус 40: Актерката со темен тен како никогаш досега - се сонча во бикини, а еден детаљ го привлече вниманието
Атрактивната актерка Лидија Вукиќевиќ (61) на социјалните мрежи се претстави во ново издание...
Таа го покажа својот нов тен, а евидентно е дека често се сонча на моменталните температури во Србија кои достигнуваат и до 40 степени.
Лидија позираше во бикини за Инстаграм, што често го прави, а коментарите на нејзините обожаватели изобилуваат.
Добила стотици комплименти, додека еден детаљ им го привлекло вниманието, односно кломпите со кои се сончала.
Таа позира покрај базен, носејќи очила за сонце.
Да потсетиме, често се шпекулира дали отишла под нож поради својот изглед, а актерката тврди дека само еднаш отишла кај пластичен хирург.
- Единствено што направив на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја промовира работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не направив, не сум направила ниту една операција. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се дотерувам од својата 18-та година. Мајка ми беше строга и се грижеше за мојот изглед и изгледот на мојата сестра, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај тоа, генетиката, имам убава кожа благодарение на мојата мајка. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво, а сето тоа резултира со мојот изглед - откри во една прилика Лидија и додаде дека освен горенаведената корекција, се друго е природно.
- Не ја исправам косата, таа е природно виткана. Не ги кубем веѓите, како што гледате. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Мои се и забите. Никогаш не сакав да носам протези и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на стоматолог на секои два месеци и користам црна паста за да ја задржам белината на забите - изјавила потоа актерката.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs