Култура // Настани
Лига на шампиони: Дуа Липа на сцена, српски судија на терен!
Популарната британска пејачка со албанско потекло Дуа Липа ќе биде пејачката која ќе настапи на 26-ти мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
22-годишната пејачка која го освои светот со своите певливи хитови е многу среќна за овој настан, па изјави:
„Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу“
УЕФА вчера соопшти дека финалето ќе го суди српскиот арбитер Милорад Мажиќ.