Лила ја откри тајната за своите модни погодоци: Магијата е во тоа да знаеш да искомбинираш
Со години наназад, Лила Стојановска важи за една од најубавите и најнегуваните жени меѓу познатите личности кај нас. Познатата водителка и инфлуенсерка често знае да биде пример за добар моден избор, без оглед дали станува збор за спортска, секојдневна облека или комбинација за свечен настан.
Лила привлче внмание како и секогаш на забава на која беше со пријатели, а за Женски магазин раскажа дека магијата е во тоа да знаеш убаво да искомбинираш.
-Ова не е фустан, туку сукња и боди. Искрено не е ништо ново, туку е од оние црни парчиња, вечни парчиња коишто секоја жена треба да ги има. Секогаш кога ќе облечеш нешто такво не можеш да згрешиш, така што само направив една одлична комбинација од тие две и излезе навистина совршено. Да, изгледа како фустан, но не е фустан. Значи, уште еден доказ дека магијата е во тоа да знаеш да искомбинираш“, ни раскажа Лила.
Во претходно интервју за Женски магазин, таа го раскажа својот животен пат.
- Завршив во средното медицинско училиште „Д-р. Панче Караѓозов“, со желба да бидам докторка. Ама, Бог имал друг план за мене очигледно. Потоа запишав Филолошки факултет на УКИМ, а во меѓувреме работев како медицинска сестра. Моите телевизиските почетоци беа во МТВ, но мојот посериозен телевизиски ангажман започна на Сител со квизот “Енигма“ и сѐ друго понатаму е историја!“, рече Лила која ја води 11-тата сезона на популарниот квиз „Сѐ или нешто“.
-Имало навистина интересни натпреварувачи и интересни случки за паметење, но јас би издвоила цела една емисија, не само случка. И не само јас туку целата јавност. Тоа е емисијата со натпреварувачот Берзат од Велебрдо. Целата емисија беше, смешна, забавна, со многу позитивна енергија , тоа е исклучително интересен човек со многу жувотни приказни.. Од Берзат научив и нов збор „канаќисавме“!“, ни изјави Лила претходно.
Таа додаде дека ѝ била неостварена желба да стане доктор по естетска хирургија, но и за таа желба, како што вели Лила, никогаш не е доцна.
М.Џаровска