Црвен Крст – Кисела Вода ја сними песната „Подавај рака“
Според традиционалниот календар на Црвениот крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Оваа година, ќе се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на нашите волонтери. Веќе еден месец младите го поминуваат креативниот процес на пишување преку кој треба да го опишат волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират.Како и останатите Општински Организации, така и ние, ја снимивме песната и истатае веќе објавена на нашиот Youtube канал, Црвен Крст – Кисела Вода, под насловот „Подавај рака“.
Црвениот Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода повторно се вклучува во акција, но овој пат со прекрасна песна преку која овој тим испраќа моќна порака кон целиот Свет.
Музиката е на Рамадан Шукри, аранжманот на Роберт Ангеловски, а текстот е напишан од страна на волонтерите.
Стиховите во песната совршено се совпаѓаат со видео записот, а веселите волонтери со сјај во очите и среќен израз на лицето. Но оваа организација не застанува тука, продолжува напред со нови и уште подобри проекти и предизвици.
Во снимањето на оваа песна и видео запис, вокална изведба се должи на Благица Ѕунѕуровска, Анастасија Илиевска и Македонка Стојановска, додека пак миксот и мастерингот се дело на Христијан Јаневски.