Lisca со престижна меѓународна награда во Кан
Lisca повторно докажа дека
со своите креации на долна облека и костими за капење е дел од светската мода. Оваа словенска компанија на
почетокот на ноември во Кан во склоп на меѓународниот саем Mare di Moda ја доби престижната наградата „CREATIVE EXCELLENCE AWARD 2019“.
Наградата секоја година се доделува на компании, односно на брендови кои се издвојуваат со својата креативност, развој, иновации и квалитет. Оваа година таа престижна награда и припадна на словенската компанија Lisca.
Според организаторите, Lisca е избрана како „одличен пример на компанија која успешно ја спојува традицијата со современото притоа посветувајќи големо внимание на изборот на материјали, а истовремено динамично се прилагодува кон промените на пазарот. Со кампањата #ProudToBeMe ја лансирала важната инклузивна порака за позитивна афирмација и за моќта на женственоста.“
На доделувањето во Кан присуствуваше и дел од развојно-креаторската екипа на Lisca во чие име наградата ја прими Маја Ратајц, креативната директорка на Lisca.
„Наградата Creative Excellence Award е потврда дека работиме добро, дека нѐ забележуваат и дека сме конкурентни со барањата во светот на модата во глобална смисла, а воедно претставува и предизвик и поттик за идните модни приказни. Lisca наредната година слави 65 години од своето постоење и е сѐ поуспешна како на развоен план, така и во полето на продажбата. Сето тоа е заслуга на посветената екипа која е свесна дека од една страна е важна традицијата, знаењето и искуството, а од друга страна свежината на младите и модерни креативци. Кога ќе ги споиме двете се раѓаат интересни нови приказни“, вели Маја Ратајц.
Lisca на саемот Mare di Moda во Кан присуствува од самите негови зачетоци и секоја година тоа е последниот саем пред финалното креативно обликување на колекцијата на костими за капење.