Љубов или отров: 14 знаци со кои може да препознаете каква е вашата врска
Ја познавате ли разликата меѓу вистинска и токсична врска?
Еве ги 14 разлики:
Љубов: Личниот развој е приоритет
Токсична љубов:Опседнатост со врската
Љубов: Простор за раст и развој; желба партнерот да расте заедно со вас
Токсична љубов: Интензивна потреба другите да ве видат со партнерот, ова може да значи дека сте несигурни, дека се плашите или дека сте осамени
Љубов: Различни интереси; различни пријатели; одржување на други важни врски
Токсична љубов: Ограничен забавен живот; занемерување на старите познанства, пријатели и интереси
Љубов: Поттикнување на меѓусебните успеси; сигурност во сопствените вредности
Токсична љубов: Преокупираност со однесувањето на другата страна; страв од промени
Љубов: Соодветна доверба
Токсична љубов: Љубомора; посесивност; страв од конкуренција
Љубов: Компромис, преговарање, преземање на иницијатива. Заедничко решавање на проблемите
Токсична љубов: Борба за контрола; кавга чија е вината; пасивна или агресивна манипулација
Љубов: Прифаќање на индивидуалноста
Токсична љубов: Обид да се сменат карактеристиките на партнерот
Љубов: Прифаќање на сите реални аспекти
Токсична љубов: Врска која се темели на илузии и избегнување на неудобност
Љубов: Грижа за себе кај двајцата партнери; емоционалната состојба не зависи од расположението на партнерот
Токсична љубов: Очекување дека партнерот ќе се поправи и така ќе го спаси другиот во врската
Љубов: Здрава грижа за партнерот
Токсична љубов: Опседнатост со проблеми и емоции
Љубов: Сексот е слободен избор кој се раѓа од љубов и пријателство
Токсична љубов: Притисок за секс поради страв, несигурност и потреба за блискост
Љубов: Способност за уживање во самотија
Токсична љубов: Раздвоеноста е неподнослива
Љубов: Циклус на удобност и задоволство
Токсична љубов: Циклус на болка и очај
Љубов: Разговори базирани на разбирање, помош или изразување внимание и приврзаност
Токсична љубов: Разговори кои се темелат на обвинување, заземањеодбранбен став или манипулација