Љубов на тон: Моника Црнокрак 5 години е заљубена во овој човек
Поголемата ќерка на познатиот моден пар Црнокрак, Моника која исто така како нејзините родители стана модел, веќе пет години ужива во љубов со нејзиното момче Виктор.
„Ти благодарам за прекрасните 5 години од мојот живот и наздравје за уште многу“, напиша момчето на Моника на колаж од заеднички фотографии.
Моника и Виктор се сретнале пред многу години на рекреативна одбојка. Неговиот физички изглед бил пресуден за да ја освои Моника. Па по некое време се запознале преку другари, од каде започнале вистинските симпатии.
Инаку Виктор е поранешен кошаркар кој рекреативно игра кошарка на баскет турнири.
Моника во моментов е со водителки ангажман во естрадниот магазин „Џи карпет“ на Канал 5 телевизија, иако по професија е дипломиран економист на отсекот маркетинг.
Фото: Инстаграм