ЉУБОВНА ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ НАЕЖИ Одлучиле да починат заедно по 66 години брак
Чарли и Франсиј Ермек, биле еден за друг. Нивниот брак траел 66 години и завршил на 20 април, 2017 година, во истиот ден кога починале.
Тој ден во исто време, додека се држале за раце, испиле иста доза на лекови кои би ги прекинале нивните страдања: Чарли и Франсиј биле многу болни.
Според извештајот на списанието "Тајм", 88-годишната Франсиј била прва што заминалa. Починала 15 минути по земањето на лекот.
Чарли, една година помлад од неговата сопруга, починал еден час подоцна.
Чарли и Франсиј, изгледа биле првиот пар кој починал во исто време. Тие починале во куќата во која живееле неколку години.
Џерилин, другата ќерка на двојката, изјавила за Тајм дека нивните родители отсекогаш мислиле да починат заедно, пред нивното страдање да стане неподносливо.
Двојката дозволила нивната ќерка Шер да ги снима нивните разговори и нивната подготовка за смртта. Тие сакале тоа да биде меморија за нивното семејство, но потоа тие одлучиле да направат видео кое може да го види секој кој ќе посака.
Парот се запознал на Универзитет, а се омажиле 4 април, 1951 година.
Во 2004 година се преселиле во Орегон, а шест дена пред нивната смрт, направиле забава, со нивните деца и внуци.