ЉУБОВНА ПРИКАЗНА: Возел скоро 10.000 км со велосипед за да ја види жената која ја сака
Пред повеќе од 40 години започнала преубавата љубовна приказна помеѓу индискиот уметник и една млада жена од Шведска.
Прадјумна Кумар Маханандиа е роден во 1949 година во каста, во индиско село. Еден локален астролог им кажал на неговите родителите дека ќе тој ќе се венча со музичарка од далечна земја која е родена во знакот на Бик.
„Јас цврсто верував во тоа пророштво, а сега знам дека на оваа планета е сè планирано” - изјавил Кумар за “National Geographic”.
Пророштвото се остварило во декември 1975 година, кога Кумар започнал да заработува како уличен уметник. Русокосата Шарлот вон Шедвин го замолила да ѝ нацрта портрет.
Шарлот уште неколку пати се вратила по нови портрети, а Кумар кажал дека таа ќе биде негова жена.
Шедвин тогаш имала 19 години, но одлучила да му даде прилика. Тие биле заедно неколку недели, а за тоа време Кумар дознал дека Шарлот е родена во знакот на Бик и дека свири фрула.
Но, Шарлот морала да се врати во Шведска. Една година по тоа, Кумар продал сè што имал, купил велосипед и преминал 9700 километри од Индија до Шведска. Тие се во брак, живеат заедно повеќе од 40 години, имаат две деца.