Љубовна врска со вашиот најдобар пријател-За или Против?!
Нема ништо покомплицирано од тоа да станете девојка на Вашиот најдобар пријател. Тоа е еден трнлив пат, кој многумина го избегнуваат без големо размислување.
Но, од друга страна, поминувањето низ овој пат може да биде навистина вредно искуство доколку на крајот го пронајдете најскапоценото – Вашата вистинска љубов.
Забавувањето со најдобриот пријател има свои предности, но и маани. Во продолжение, Ви претставуваме дел од нив.
Причини ЗА:
Можете да ја прескокнете фазата на запознавање
Веќе се познавате меѓусебно – ја знаете неговата омилена храна, хоби, кои домашни миленичиња ги обожава и слично. Кога официјално ќе започнете врска со најдобриот пријател, можете да се сосредоточите на подлабоки разговори, долгорочни цели итн.
Можете да бидете она што сте
Бидејќи тој веќе знае дека сте огромен љубител на пица, Вашите состаноци не мора да бидат во некои елитни ресторани. Секогаш можете да останете дома и да нарачате огромна, фамилијарна пица и да уживате во заедничката вечера со некој интересен филм.
Голема е веројатноста дека тој Ве има видено во секое можно светло, а токму поради тоа можете да се опуштите и да бидете она што навистина сте, бидејќи тој Ве сака без обѕир на сè.
Тој ги познава Вашите пријатели
И обратно. Поради ова, нема потреба од групни излегувања каде што едниот од Вас ќе седи и ќе одговара на сите прашања. Покрај тоа, нема причина да се прашувате дали неговите пријатели ќе Ве прифатат (и обратно) со оглед на тоа што веќе Ве познаваат и почитуваат.
Причини ПРОТИВ:
Тој можеби знае повеќе отколку што Вие сакате
Преголемиот број на информации понекогаш може да биде и проблем, со оглед на тоа што тој веќе знае колку партнери сте имале и со кој од нив сте спиеле.
Тој ги познава Вашите слабости и стравови, а Вие секогаш ќе бидете прогонувани од мислата дека сте предвидливи и лесни за “совладување”.
Планирањето на изненадувања е вистински предизвик
Тој толку добро Ве познава што секогаш е во состојба да ги предвиди Вашите реакции и да ги прочита Вашите мисли. Тоа е нешто од кое тешко ќе побегнете, посебно доколку сте тип на личност која сака да приредува изненадувања за своите најблиски.
Ризикувате уништување на преубаво пријателство
Раскинувањата се неизбежни, тоа е нешто кое морате да го прифатите. Така што, доколку не успеете да функционирате како пар, Вашето пријателство ќе биде ставено на тест. Во зависност од тоа што е причината за Вашето раскинување, можете да одлучите дали сте подобри само како пријатели или ќе се претворите во тотални странци.