Љубовната приказна на Јуле и Баже Маротови: Ние сме романтичари и во многу нешта слични

Добивај вести на Viber

Убавица и шармер. И по многу години заеднички живот на Јуле и Баже Маротови може да им се препишат овие епитети.

За него, таа е се уште најубава. За неа тој зрачи со оптимизам,сигурност и среќа.

Баже Маротов е м-р наставник по контрабас, а Јуле е наставник по пијано во ДМБУЦ Илија Николовски Луј.

Родители се на два сина, кои тргнаа по нивниот пат .

Бојан е дипломиран  пијанист и работи во истото музичко училиште

Гоце е дипломиран контрабасист, заменик водач во групата „Контрабаси“ во Македонска опера и балет.

Со доаѓањето на нивните внуци прво Габриел (12), а потоа Лео (5) и Луна (4)им смениле тековите на животот, на поубаво.

Заедно со своите снаи Лена и Мануела,  фунционираат како големо и сложно семејство.

ЖМ: Среќен е оној маж кој ќе го пронајде својот вистински пријател, а најсреќен е оној кој ќе го пронајде во својата сопруга. Но, кај вас среќата е дупла, покрај вас е партнерката која е дел и од вашата професија. Баже, кога и каде се запознавте со Јуле?

Баже:Со Јуле се знаевеме уште од средно. Но, ,,Погледи су се срели"како што се вели во стиховите, дури во прва година на на факултет. Една сабота вежбавме секој во своја соба на Факултетот за Музичка уметност..Јуле на пијано,јас на контрабас.Слушнав некој го вежба Бах. Ми звучеше убаво,а јас тогаш работев еден Прелудиум од Ханс Фриба. И откако ја ислушав Јулеи предложив да дојде да ме слушне. Така направивме еден поинакив контакт. Потоа следеше мој предлог да се видиме истата врчер. После тоа се роди новото дуо Контрабас и Пијано..

ЖМ:Велат дека жената е како загатка, беше ли тешко да ја решите и комплетно да ја освоите?

Баже: Секако. Во тогашните генерации имаше неколку колешки на факултетот, а  Јуле беше, за мене и сега, меѓу најпривлечните. Како и други мои колеги ја ,,бркавме,,. Но, ете мене ми успеа да ја добијам загаткатаи да ја решавам до денес. На почеток беше потешко. Воспитана девојка од фамилија. Ми требаше подолг период да ја освојам.

ЖМ:Јуле, што најмногу ви се допадна кај Баже? Кога сфативте дека тој е вистинскиот?

Јуле:Тешко е да се раскаже неговиот лик,најмногу од се ме плени неговиот карактер,кој зрачи со оптимизам,сигурност и среќа.

Кога моето срце почувствува силна љубовна емоција,знаев дека е вистинскиот

ЖМ:За уметниците велат дека се големи романтичари. Дали запросувањето беше во тој стил?

Баже:Ние сме и двајцата романтичари. И во многу нешта сме слични. Така што во тоа време и немаше класично запросување. Сфативме дека треба да живееме заедно. Првото класично запросување беше на нашата веридбена вечер.

ЖМ: Кога се одржа вашата свадба и каде? Дали запевте?

Јуле:Свадбата беше во октомври, се одржа во тогаш престижниот хотел Континентал. Нормално имавме многу гости,како и колеги музичари. Од групата на Баже „Династија“ беа присутни Крап,Горан,Чорба. Кумови ни беа нашите прекрасни Милан,кој за жал не напушти прерано и Славица Завкови. Тогаш малата Тијана, сега Дабчевиќне издржа и запеа со Баже неколку познати хитови од Здравко Чолиќ. Беше прекрасна забава.

ЖМ:  Двајца музичари, одлични вокали. Вашиот приватен и професионален живот се движеа во еднаква паралела. Која е предноста кога сопружниците се во иста професија и работат заедно?

Баже:Нашето заедночко пеење всушност почна по идеја на Љупчо Трајковски Фис. Доаѓаа со Наум на наши настапи. На Фис му се допадна нашиот перформанси му дојде идеја за темата,,Ако си песна".На предлог на г-динот Живоин Глишиќни беше понудено со неа да настапиме на „Макфест“.Потоа се тргна во добра насока. Или историја како „Дуо Маротов“.Следеа настапи на фестивали,тв емисии. Го снимивме најпознатиот спот за песната „Шармерки“,на текст на Огнен Неделковски. Убаво е кога си заедно пред се кога станува збор за професионалниот дел. Заедно се договараат сите моменти за песна ,интерперетација,изглед..сценски настап.Тоа се предности кога партнерот е и брачен сопатник.Но, имаи другимоменти кои се присутни и се раѓаат на живи настапи. И добри, а и лоши. Ова е сцена и тука се случува се. И треба да сте подготвени на сите предизвици..

ЖМ:Родители сте на два сина, со оглед на вашите настапи претежно во ноќните часови, Јуле како жонглиравте помеѓу мајчинството и професијата? Кога ви беше најтешко?

Јуле: Бојан и Гоце се нашите синови. И двајцата се музичари. Едниот свири на пијано, другиот бна контрабас. Но,непланирано,исти инструменти како родителите.Периодот додека растеа, ние бевме доста активни.Баш во времето кога најмногу им бевме потребни и не беше воопшто ,лесно.Само кога ќе се присетам на некои од многуте случки, се чудам како сум успевала, заедно во Баже. да стигнеме се и ништо да не недостасува. А моменти имаме толкумногу,што во овој разговор е тешко да се набројат.

ЖМ: Баже, дали сте од оние мажи за кои важи епитетот прав домаќин. Во кои сегменти од домаќинството помагате?

Баже:Да бидам искрен порано многу малку бев од помош, посебно во домашниот дел, во кујната. Реално бев музичар,,расфрлен"на повеќе страни,со снимања,индивудуално вежбање,настапи со повеќе составии немав доволно слободно време да помагам дома.Но, во последниве години, сам да се пофалам, некако ми тргна и готвењето. Редовно сум ,,Стево Карапанџа"и баш ми е интересно тоа да го правам.

ЖМ:  Љубовта е опеана во многу песни, спомната во многу цитати. Кои стихови од која песна и ги посветивте на сопругата?

Баже: Покрај што имаме голем број снимени песни,во повеќето не сум автор на текстот,а има навистина многу убави стихови. Можеби од поновите, Ти си таа што ми треба"ми е најискрена на тоа што го чувствувам за Јуле.

ЖМ:  Музичките гени  проработеа и кај синовите, кои се Ваша гордост. Кои  вредности  ви беа најбитни да им ги пренесете совоспитувањето?

Баже: Да ,Бојан и Гоце,беа прекрасни деца. И сега се прекрасни родители,се надевам и добри сопружници кон Лена и Мануела,Секогаш ни беше важно да ги воспитаме најдобро колку можевме,и колку знаевме во тој период. Но, тука беа ипрофесионалните обрски да се изградат и како музучари. Сега се и двајцата активни во музичкиот свет,Бојан како наставник по пијано,Гоце е контрабасист во оркестарот на Македонската Опера.Во последниве неколку години делуваме и како поп- бенд „Маротов бенд“на забави и настапи од секаков вид.Со помош и на Лена, сопругата на Бојан  која е одличен вокал.

ЖМ: Новото животно поглавје ви почна откако станавте баба и дедо. Колку ве промени таа улога, како се снаоѓате?

Јуле:Со доаѓањето на прекрасните наши,прво Габриел,па Лео и Луна,покрај големото задоволство и уживање секогаш кога се со нас, често сме тука и да помогнеме. Се сменија тековите на животот,но,на поубаво.Фунционираме сите сложно,така што секогаш некој ќе в лета во ситуација кога треба да се причува некој од најмладата екипа. Немаме никаков проблем,напротив. Веројатно и поради тоа Баже стана добар готвач. Јас сум почесто со внуците.

ЖМ: Баже во изминатиов период сте атктивни со самостојни проекти. Што има ново од вашата музичка работилница? 

Баже: Последниве 3-4години ,посебно периодот на пандемијата,ми дојде поривот за творењеи повеќе се посветив на тој дел. На пишување музика,стихови,аранжамани. Имам свое домашно студиои тука се раѓаат новите материјали. Во 2021 година го издадов  мојот трет соло албум ,,Среќа барам". Потоа следуваа уште неколку синглови. Снимив и 4 обработки на наши народни песни со мои идејни аранжмани,а како нови авторски песни ги издадов и „Лаго моја“, „Нека се вратат времиња златни“. Претходно ја промовирав „Забораваш“, а сега најнов е мојот  сингл „Бог да ми даде сила“.За жал,во овој творечки период, работам сам на свои соло проекти,додека чекам кај Јуле да се роди повторна желба да сними своја композиција. До тогаш се гледаме на  на мојот омилен „Охридфест 2024“, на кој ќе настапам со тема на Златко Бошковски кој е автор на музика и текст, а аранжманот е мој.


*С.А.Н.