Љубовта на актерите Момчило и 9 години постарата Јелена: Никогаш не мислевме дека ќе завршиме заедно
Популарниот актер Момчило Оташевиќ, кој ни е познат како Ранко од серијата „Чиста љубов“, е во хармоничен брак со својата хрватска колешка, Јелена Перчин
Актерот Момчило Оташевиќ ја освои публиката ширум регионот со своите улоги, но и со својот шарм, а особено е интересна неговата љубовна приказна со девет години постарата колешка.
Оташевиќ има две деца (ќерката Маша и синот Јакша, а таа има и уште една ќерка Лота од претходниот брак) со Јелена Перчин, а сега во интервју за хрватските медиуми изјави дека ниту еден од нив не ни помислил дека ќе завршат заедно.
Момчило и Јелена се запознале на снимањето на серијата „Дубровничка зора“, а на прашањето дали можел да замисли дека овој проект ќе му донесе љубов, брак и деца, актерот рекол:
- Не. Никогаш. Ниту јас, ниту Јелена. Тоа се случи. Ја запознав кога дојдов на кастингот. Јелена праша на која возраст сум. Велам 90-то годиште, а таа ја прашува продуцентката Јелена Вељача дали е шега. Подоцна ме покани на кафе да разговараме за снимањето, работевме, бевме одлични партнери, пријатели, но некој тогаш да ми кажеше дека ќе се заљубиме, дека ќе останам во Загреб, ќе живеам овде, немаше да му верувам. - изјави актерот за „24сата.хр“.
Кога станува збор за работата, актерот искрено вели дека е многу самокритичен, и дека ретко се случува да биде целосно задоволен од сработеното.
- Како гледач ретко ми се допаѓа мојата работа. Секогаш наоѓам милион маани и проблеми. За среќа, сапуниците се единствениот формат во кој сè може да се поправи. Од 22 години ги сфаќам како генијален тренинг. Ме подготвуваа за секој проект. Нема поправки за филмот, тоа што си го снимал, си го снимал. А во театарот, кој ми е омилен, играш и чао. Тоа е тоа. Во тој момент, вистина, ја даваш сета своја сила, крв и месо и оставаш публиката да суди. Нема поправки - заклучува Оташевиќ.
Извор: Telegraf.rs