Лоба, Сашко Коцев, Тино, Атанас и Тарик во новата Еден на Еден
„Седи дома квиз“ ќе се вика новата епизода на „Еден на еден“. Трета емисија по ред, Жаре снимаше од својата дневна соба, а овој пат гости ќе му бидат повеќе интересни ликови.
Во квизот, натпреварувачи се: Викторија Лоба, Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. Жаре ќе ги испроба со знаење на повеќе теми: спорт, политика, музика, филм, но ќе има и дел од квизот наречен корона.
А, кој знае повеќе за квизовите на регионално ниво, освен популарниот милионер Тарик Филиповиќ? И Тарик Филиповиќ од Загреб е гостин во новата „Еден на Еден“. Прво, на Жаре ќе му даде совети како се води добар квиз, а потоа ќе раскаже како се снаоѓа во карантин со сопругата, синовите, со бабата и со миленикот. Тарик ќе зборува и за земјотресот кој го погоди Загреб минатиот месец.
За тоа што откри Тарик, и за тоа кој од домашните гости ќе победи во квизот, ќе дознаеме во недела, на Канал 5 од 18.30. Во меѓувреме, погледнете ја навајата: