Логопед Весна Керамитчиевска-Биљановска:„ Среќата на детето е најважна - не се постигнува со употреба на модерна технологија, туку со играње друштвени игри“
Весна Керамитчиевска - Биљановска е логопед со децениско теоретско и практично искуство. Следејки ја семејната традиција на едни од основоположниците на дефектолошките науки на бившите Југословенски простори Проф-Др Славчо Керамитчиевски и М-р Љубица Керамитчиевска, дипломирала на Дефектолошкиот факултет во Белград отсек – Логопедија а потоа продолжила со пост-дипломски студии во Белград. Сметајки дека логопеди-практичари се дефицитарен кадар во државата, своевремено се вработува во ОУРЦ: Д-р Златан Сремец-Скопје и во целост се посветува на говорната патологија кај децата. Со оглед на тоа дека добриот глас на далеку се слуша, таа станува една од најбараните логопеди кај нас, особено родителите на дечиња со посебни потребни се презадволни од напредокот на нивите деца. Весна вели дека работата во оваа професија е доста комплексна и потребно е големо знаење, пред се пракса во оваа обласа, а најбитно од се е љубовта кон децата.
- Луѓето се различни, потребно е да се разбере природата на овие разлики. За личноста постојат толку дефиниции колку што има психолози. Личноста се формира од влијанието на гените, општествената и физичката средина, искуствата. Јазикот и говорот се сознајно средство за комуницирање.Со говорот децата примаат и бараат објаснувања, ги искажуваат желбите и потребите. Грубо земено, кај детето,за да нема одстапувања, пред се треба да бидат развиени:
· општата моторика на телото и говорните органи,
· акустичката перцепција,
· визуелната перцепција,
· концентрацијата на вниманието,
· интелигенцијата,
· реагирање со телесни движења (реакции),
· реагирање со основниот глас и говорни обиди...
Ж.М. Еден од најкомлесксните проблеми во логопедската пракса е отсуството на говор кај детето, како вие се споравувате со овие предизвици?
Потребен е мултидиспиплинарен приод кој ќе ја опфати комплетно личноста на детето а не само говорот како извршна активност. Јазикот и говорот се сознајно средство за комуницирање. За жал, не секогаш говорно-јазичниот развиток оди според очекуваното. Доколку родителите увидат дека има видливи индиции за отстапувања во комуникационите способности на нивното дете, тие се соочуваат со страшната вистина: Моето дете не зборува! По првичниот шок, следат безброј прашања, дилеми, консултации со стручњаци. Она што треба да се посвети внимание додека децата се уште мали е следното:
· Детето од најрана возраст учи преку имитација на движење и говор
· Говорот на возрасните треба да е бавен и разбирлив
· Кога му се обраќате на детето, ПОЧЕКАЈТЕ ДА ВИ ОДГОВОРИ!
· Зборувајте со кратки зборови, кратки реченици, со кратки налози, НА-ДАЈ
· Учете го да разликува бои ( тревата е зелена...)
· Именувајте поими ( ова е...куќа...маса...), детето мора да има одреден речник,
· зборови кои ќе ги применива во говорот
· Додека не го совлада мајчиниот јазик, односно оној на кој треба да
· комуницира со семејството, врсниците, не дозволувајте да учи странски јазик.
Ж.М. Следејки ги развојните фази на детето, дали родителот може сам да забележи дали нешто не е во ред?
Секако, дека може. Следејки ја табелата подоле, родителот сам може да ги воочи отстапувањата, и веднаш да реагира. Колку детето е на помала возраст, толку можностите за решавање на проблемот се поголеми. А најважно, потребен е тимски мултидисциплинаред пристап.
Ж.М. Кога веќе го спомнуваме мултидисциплинарниот пристап, што поконкретно значи тоа?
Тоа е тимска работа со педијатар, детски невропсихијатар, социјален работник психолог, логопед, специјален едукатор, срудо-аудиолог и тн. Но најважна карика во сето ова е семејството.
Семејството има приоритет во однос на ангжирањето и следењето на советите на логопедот во работата. Не е доволно само ангажирање на логопедот и следење на препораките, туку и работење дома. Таму каде што биле вклучени родителите секогаш сме имале огромни резултати...
Ж.М. За да родителите бидат мотивирани и да ги тргнат стигмите за логопедите, приортиет треба да е среќата на детето, а тоа е најсреќно кога има можност да комуницира со средината. Споделте едно искуство од вашата работа кога можат да се очекуваат резултати?
Логопедијата е толку опширна тема, како со многу работа и залагање се добиваат соодветни резултати. Како најсвеж пример можам да го наведам еден пример кога со упорна работа, моја и на мајката дете со целосно отсуство на говор, успеавме да предизвикаме артикулација или изговарање на неколку самогласки. Тоа ни дава уште поголем поттик заедно да го дооформиме говорот. Што значи дека работата, посветеноста, љубовта и упорноста секогаш даваат резултати, и родителите никогаш не треба да губат надеж, напротив, треба да ни веруваат и да сорабутуваат.
Ж.М. Логопедијата како гранка е доста комплексна, особено во работењето со дечиња со посебни потреби. Што би ги советувале родителите, на што да посветат особено внимание кога е развитокот на детето во прашање?
Среќата на детето е најважна. Тоа не се постигнува со употреба на модерна технологија, туку со посветеност на родителите, игри, многу приказни и песнички, а најмногу говор и љубов. Затоа не му дозволувајте на детето да поминува долго време пред Тв, комјутер, таблет или телефон. Додека пак во најраната развојна фаза особено треба да се внимава на следниве неколку работи:
· Не го терајте да зборува, доколку не може, поттикнувајте го да ви ПОКАЖЕ и
тоа е говор,
· Доклку има некаков проблем со говорот, НЕ ГО РАЗГАЛУВАЈТЕ, со тоа му ја
намалувате мотивацијата,
· Јакнете ја самодовербата на детето, повторувајте му ТИ МОЖЕШ,
· Покажувајте му ја Вашата љубов и кажувајте му колку многу го сакате!
Елеонора А.