ЛОВОРОВ ЛИСТ: Спасува срце, лекува уринарни инфекции, смирува психа

Добивај вести на Viber

Од ловоровиот лист има повеќе придобивки почнувајќи од самото ставање во тенџере како би дал арома на јадењето. 
Ловоровиот лист го забавува  старењето, смирува, помага во борба против бактерии, лекува дишни патишта... Ловоровиот лист е чудотворна билка и штета е да го користиме само како додаток на јадење. 

Експерти велат дека се работи за многу моќна билка која го забавува стареењето, го поправа расположението, го чисти телото, решава респираторни проблеми и слично. Ловоровиот лист е полн со витамини и минерали. Најмногу има витамин А и витамин Ц, а од минералите најмногу има железо, манган, калциум, калиум и магнезиум. 

Мирисот на ловоровиот лист има инсектицидни особини, тој ги одалечува бубачките и затоа се користи и како средство против молци. Порано се верувало дека тој предизвикува абортус, но тоа воопшто не е медицински докажано и се смета за неточно.

Одличен е во намалување на шеќерот во крвта, но најдобар е во уништувањето на инфективните жаришта. Затоа ловоровиот лист се смета за растение кое го штити организмот од инфекции. Ловоровиот лист е одличен против мигрена, тоа е едно од ретките растенија кои имаат силно анелгетско дејство. 

Маслото пак од ловоров лист е вистински лек против модринки и други лузни на кожата. Ловоровиот лист исто така има и проверено добро дејство врз варењето, помага за правилна дигестија на храната во целиот дигестивен тракт. Многу шампони и мелеми се на база на ловоров лист бидејќи истиот има силно дејство против првут.