Лука Модриќ ужива со сопругата: Сончање на јахта и ручек во Портофино (ФОТО)

По напорната сезона со Реал Мадрид, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ конечно замина на заслужен одмор со сопругата.
Својата голема фудбалска сезона ја круниса со уште еден трофеј во својата колекција, а одморот го започна на луксузна јахта, која е закотвена пред скапоцениот камен на италијанската ривиера Портофино.
Фото: Profimedia
Светскиот џет-сет често го избира ова италијанско гратче за да ги закотви своите луксузни јахти, а овие денови Лука Модриќ беше фатен како се сонча со сопругата Вања на палубата на луксузната јахта. Тие подоцна се преместија во блискиот ресторан каде што уживаа во ручекот.
Ова беше негова прва можност да ја прослави неодамнешната продолжена соработка со Реал Мадрид, бидејќи потпиша нов, едногодишен договор меѓу двата натпревари на хрватската репрезентација во Лигата на нации.
Извор: gol.dnevnik.hr