Луксузните брендови во шок: Коронавирусот ја погоди и високата мода
Со појавувањето на коронавирусот во Кина се намалил и бројот на посетители
на луксузните продавници во оваа земја. Порано имале по стотина купувачи
дневно и илјадници посетители, а сега во продавниците има влегуваат едвај
петорица, вели продавач во луксузен бренд, пишува „Вог“.
Продавниците на големите модни куќи во Кина речиси се празни или затворени. Причина е појавата на смртносниот вирус во кинескиот град Вухан од кој досега умреле 563 луѓе додека 28 илјади се заболени.
Изминативе години, според статистиките, Кинезите се најголеми потрошувачи на луксузна роба во светот. Дури 35 отсто од светските брендови во текот на 2019 година се купени во Кина или од кинески туристи. Тоа е само 2 отсто помалку од она што модните компании го заработуваат во САД и во Европа заедно.
Веќе се знае дека модните недели во Њујорк (веќе почна) , Лондон, Милано и во Париз , нема да имаат толку посетители како минатите години, поради забраната за патување во другите земји.
- Ако здраствената криза трае неколку месеци, последиците нема да бидат големи. Ама ако трае неколку години, тоа е веќе друга приказна, изјави Бернар Арно, извршен директор на луксузната групација ,,LVMH" .
Затоа модните компании почнаа да бараат излез од кризата. ,,LVMH" донираше 2,3 милиони долари на кинескиот Црвен крст, како и брендовите „Kering“, „L’Oreal“ .