Лузната на Софија Хилен пресудна за славата на скандинавската актерска ѕвезда
“Bron/Broen-Мостот“ -Неповторлива криминална драма, запишана како најуспешна нордиска серија, 10 години ја држи светската публика во неизвесност и мистерија. Токму главната акерка, педесетгодишната швеѓанка Софија Хелин и нејзиниот неприкосновен глумечки талент ја издигна серијата на врвот на светската кинематографија.
Убиството на мостот кој се наоѓа на граница помеѓу Шведска и Данска, кој го поврзува Малме со Копенхаген ја започнува приказната за заедничка истрага што подоцна се прикажува во повеќе од 100 земји.
Софија Хелин, како шведскиот полициски детектив Сага Норен, глуми во сите 38 епизоди снимени во четири сезони. И покрај многуте филмски остварувања во минатото, својата слава ја добива со шведско-данската серијаBron/Broen.
Во серијата таа одлично го доловува ликот на шведската детективка за убиства . Хелин била изненадена од добивањето на главната улога, бидејќи мислела дека големата лузна која ја има над усната ќе биде пречка за да добие улога од толку голема важност.
Токму лузната денес е нејзиниот белег за препознатливост. Ја има добиено при пад од велосипед на 24 годишна возраст, заедно со многу други лузни по телото, скршени заби и неизбежна пластична операција. Само 12 месеци по несреќата, таа ја добива својата прва филмска улога.
Софија е сопруга на Даниел Гетшенхјелм, свештеник и поранешен актер со кој заедно имаат посетувано училиште за театар, и оттогаш се заедно. Родители се на 17 годишниот Осијан и 12 годишната ќерка Никех.
Софија потекнува од работничко семејство, татко продавач, мајка училишна медицинска сестра. Кога имала само 10 дена, трагедија го погодила нејзиното семејството, при што во сообраќајна незгода загинал нејзинот брат кој имал само 6 години.
-Таа загуба ме обликуваше како личност. Пораснав со чувство дека нешто навистина ужасно се случило. Сега, кога сум родител, знам дека сите сакаме нашите деца да растат во најдобри околности и да имаат најбезбедно и најдобро детство што можат, вели Хелин во изјава за медумите.
Во својата беспрекорна кариера, пропратена без скандали, Софија Хилен во 2018 година се најде на насловните страници на скандинавските таблоиди. Токму по снимањето на четвртата сезона на мега серијата “Bron/Broen-Мостот“ наиде на некои културни разлики меѓу Данците и Швеѓаните и односот на властите кон беглаците. Хелин ја критикувала Данска дека не примала повеќе бегалци и не го следи примерот на нејзината Шведска која заедно со Германија имале најдобар третман кон бегалците. Хелин
Шведско-данската серија “Bron/Broen-Мостот“е достапна и за македонската публика. Три сезони, 30 епизоди, 1800 минути преведени на македонски и албански јазик само на првата македонска стриминг платформа Gley.
Ексклузивно и единствено само на Gley oд 5 август со превод стартува и четвртата сезона на најсупешната скандинавска крими драма “Bron/Broen“. 8 епизоди исчекување, тензија и возбуда. Нови 800 минути домашно летно кино кои ќе го задржат вниманието и на најпребирливите.
Софија Хелин ја игра и главната улога во епската драма ,,Atlantic Crossing“-добитник на ЕМИ наградата. Норвешко-американска серија која исто така е достапна на Gley.tv, базирана на вистинска приказна испирирана од односот помеѓу норвешката принцеза Марта и американскиот претседател Рузвелт.
Покрај овие сериии, gley.tv нуди палета на серии и филмови од различни жанрови. Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, како и на компјутер.