Мадона видена како сама шета по улиците во Њујорк: Испливаа првите фотки откако излегла од болница, и е непрепознатлива (ФОТО)
Поп дивата Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интензивна нега. Таа беше во критична состојба, па и нејзините најблиски, но и нејзините обожаватели беа многу загрижени за неа. Вчера се појавија фотографии од неa како шета по улиците на Њујорк. Сите се прашуваат за што се работи?
Да потсетиме, Мадона на крајот на јуни напорно вежбаше со недели за нејзината „Celebration Tour“, турнеја која требаше да прослави 40 години од нејзината кариера. Сепак, поп иконата итно беше хоспитализирана поради здравствена состојба.
Пејачката била пронајдена во несвест во својот дом во Њујорк и итно била префрлена во болница, како што самата рекла дека имала треска со недели. По излегувањето на Мадона од болницата во Њујорк, се пишуваше дека пејачката наводно била во здравствена установа поради сепса.
madonna out in nyc today pic.twitter.com/7oaxUubJ0u
— (@frazzledforlife) July 9, 2023
Фотографијата која се појави на која таа се шета по улиците на Њујорк предизвика многу коментари, како на пример:
Еден од логичните коментари беше: „Дали нејзините bbl импланти исчезнаа? Таа сега изгледа поблиску до нејзината возраст... и имајќи предвид дека нејзините раце дефинитивно ја покажуваат нејзината вистинска возраст, можеби е време да го прифати тоа“.
„Ова не е Мадона. Ова е случајна старица. Рацете на Мадона не се збрчкани. Омг каде е нејзиниот задник? Изгледа има најмалку 75 години“ - следеа коментари од шокирани луѓе.
Додека била во болница, нејзините најблиски роднини не знаеле во која насока ќе оди болеста, состојбата била толку сериозна што се подготвувале за најлошото. Затоа сè чувале во тајност. Мислеа дека може да ја изгубат.
Премор, бактерија или предозираност: Мадона била оживувана со инјекција која се користи за предозирање од наркотици