Премор, бактерија или предозираност: Мадона била оживувана со инјекција која се користи за предозирање од наркотици

Добивај вести на Viber

Откако состојбата на Мадона, која неодамна беше пронајдена во бесозание наводно поради колапс на организмот од замор и бактерија, е подобра, странските медиуми пренесуваат дека таа била оживувана со инјекција за предозирање од наркотици чие име е „Наркан“. 

Наводно откако Мадона била пронајдена без свест ѝ бил инјектиран лек кој обично се користи за луѓе предозирани со наркотци.

Сепак, добрата вест е што овој лек се користи и во борба против септичен шок. Па голема е веројатноста дека таа не била предозирана, бидејќи како што пренесуваат медиумите, за сега нема докази кои укажуваат на тоа.

Тимот на соработници на поп ѕвздата се уште се нема дадено изјава кои се плановите на Мадона во престојниот период.

Потсетуваме,  Мадона беше пронајдена во својот дом во Њујорк без свест и итно беше пренесена во болница. Таа завршила на интензивна нега каде била интубирана. Пејачката успешно закрепнува а нејзината ќерка Лурд е постојано со неа.


Фото: Madona/instagram