МАГИЧЕН СОК: Рецепт со кој ќе ги подмладите зглобовите и кичмата
Многу луѓе во светот страдаат од болки во рамениците, колената, нозете и зглобовите, посебно повозрасните . Но , ниту младата популација не е поштедена.
Болката најчесто ја доживуваат луѓе кои цел ден го поминуваат седејќи или водејќи неактивен живот. Треба да знаете дека многу различни причини можат да доведат до болки во зглобовите како што се остеоартритис, реуматоиден артритис, гихт, исчашување и други повреди. Медицинските експерти велат дека болката во рамениците ќе се излекува ако се реагира на време.
Сепак, постои ефикасен , антивоспалителен пијалок, кој ќе ви помогне да ги излекувате или малку да ги ублажите болните зглобови и болки во раменици. Овој пијалок е многу едноставен и лесно се прави, а направен е од лесно достапни состојки.
Се што ви треба е:
1 портокал
2 шолји ананас
2 стебленца целер
2 круши
1 лимон
1 цм свеж корен од ѓумбир
2 цм корен од куркума
црн бибер
половина лажичка кокосово масло
Подготовка:
Прво исчистете го лимонот, портокалот, ѓумбирот и куркумата. Потоа, исецкајте го ананасот и крушите. Кога го завршите сецкањето, ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете убава хомогена смеса.
Уживајте во антинфламаторниот пијалок. Ако не можете да испиете се одеднаш, слободно ставете во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер.
Важно е да го правите во блендер, а не во соковник, бидејќи пијалокот ќе биде богат со влакна кои имаат воспалителни дејства, додека соковникот сам ги отфрла влакната при цедењето.