Mагија од вкус во тортиља: Превкусен појадок кој се прави брзо, а се јаде за миг

Добивај вести на Viber

Јајцата со колбас во тортиља звучат како добар и вкусен појадок

Сите сакаме тортиљи, но во комбинација со јајца и колбас ќе ја дадат магијата на вкусот, затоа уживајте во совршен појадок.

Состојки:

-2 тортиљи

-4 јајца

-1 свежа пиперка

-1 мал кромид

-1-2 топли колбаси

-50-100 гр. сирен намаз по желба

-2 лажици кисела павлака

1 домат

Подготовка:

- Во тава ставете малку маслиново масло и пропржете ги тортиљите од двете страни. Се премачкува со павлака и се трга на страна

- Во тавче пропржете ситно сечкан кромид и пиперка 5-10 минути, додадете ситно сечкана топла колбасица и пропржете уште 5-10 минути.

Во меѓувреме со рака се матат јајцата, па се додава сирењето, солта и биберот.

Потоа измешајте ги јајцата во тава и мешајте додека не се испржат јајцата.

Намачкајте ја смесата рамномерно врз тортиљите, исечкајте ги доматите и ставете на површината и завиткајте во ролат.