Маја Лазаревска за бременоста: Сите се дебелеат, јас ослабнав

Добивај вести на Viber

Поранешната манекенка Маја Лазаревска и нејзиниот сопруг кошаркарот Дарко Станимировиќ, одлучија иднината да си ја коваат илјадници километри далеку од дома, во Австралија.

Маја е веќе во шестиот месец од бременоста и ужива во секој момент, иако признава дека не и било така лесно на почетокот. Таа очекува да се породи пред Нова Година и да добие ќеркичка, која по желба на неа и нејзиниот сопруг, ќе се вика Каја.

- Сите жени во бременоста качуваат килограми, само јас не. Ослабев шест килограми, бидејќи првите три месеци тешко ја поднесував бременоста. Затоа и воопшто не ми се познаваше, бев многу слаба.  Но, сега е се во ред и се уште ми е чудно. Не можам да се навикнам со стомак.  Ќе се породам во Мелбурн, но потоа, кон крајот на пролетта сакам да дојдам во Скопје и да поседам неколку месеци. Ќе го бркам летото. Овде ќе почне зима, кај нас лето и обратно.  Убаво е кога се има таква можност, секогаш на топло- вели Маја за 7дена.мк.