Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје: Халкбанк создава вредности кои го унапредуваат секој аспект од општественото живеење
Халкбанк создава вредности кои го
унапредуваат секој аспект од општественото живеење
Поддршка за спортски трки, изработка на огромен мурал во Маврово по повод Денот на планетата Земја, добиено признание за „Сликовницата на Халки“ од Македонската асоцијација на издавачи за поттикнување општествена одговорност, награда за најдобра општествено одговорна практика за Халкеко од Министерство за Економија,донации во интерес на животната средина и општеството, поддршка за културата, едукација за младите, обезбедени награди за корисниците на апликацијата ХалкЕко.... Ова се само дел од општествено одговорни активности на Халкбанк АД Скопје од почетокот на годината, која сигурно ќе биде уште една година исполнета со поддршка на многубројни проекти и активности. Халкбанк е препознаена во земјава како голем поддржувач на културата, спортот, децата и младите, инклузивноста, поттикнувач на негување здрави животни навики, заштита на природата...За општествената одговорност на Халкбанк, за целите и мотивите, зборуваме со Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
1.Халкбанк е препознатлива во земјава како компанија која дава поддршка на низа спортски и културни настани, која поддржува активости насочени кон заштита на природата, образованието, младите. На што се должи ваквата интензивна општествено одговорна активост на Банката?
- Секоја компанија доколку сака да
остане на пазарот на долг рок, мора да работи оддржливо и општествено одговорно. Оддржливиот бизнис се заснова на нашите компаниски вредности од кои
главни се грижата за квалитет на услугите, задоволство на клиентите и почит кон луѓето,
околината и заедницата во која живееме и работиме.
Kако дел од ова општество, Халкбанк негувавредности
кои го унапредуваат секој аспект од општественото живеење. Овие вредности се
базираат на општествените состојби и процеси во социјалниот и културниот живот,
кои на секој можен начин се обидуваме да ги поддржиме и да помогнеме во нивното
етаблирање на повисоко ниво во општествениот живот. Дел како наша одговорност и
обврска кон заедницата, но многу повеќе како наше верување, филозофија што може
да го промени животот, да даде дополнителен квалитет и да отвори нова
перспектива. Произлезено од ваквото верување, создадовме практика на
корпоративна одговорност во форма на поддршка на различни културни, образовни и
спортски проекти и настани, како и оние насочени кон заштитата на животната
средина, бидејќи така се зголемува општото добро. Заложбата за промоција на
овие вредности е во согласност и со нашата корпоративна платформа
„Важни се луѓето“, со која на секого му се оддава признание како на важен поединец.
Нашето внимание перманентно е фокусирано на сите општествените појави и следење на состојбите што нè опкружуваат. Врз основа на ова реагираме, покренуваме иницијативи, организираме пошироки акции и ја градиме нашата општествена одговорност, со цел да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена во заедницата или кај поединецот.
2.Неодамна се одржа трка низ Скопје под ваше покровителство, насловена како ХалкЕко Скопје Трча 10КМ. Претходно дадовте поддршка на трката во планинско трчање Водно-Матка Треилс. Вие самите веќе две години по ред сте организатори на велосипедската трка ХалкЕко ВелоГрин што се одржува во Маврово? Дали трчањето и велосипедизмот се посебно ва вашиот фокус со оглед дека тие се во фокусот и на вашата апликација ХалкЕко?
- Едно од нашите силни убедувања е дека спортот создава трајни придобивки, за сите генерации. Токму затоа ние сме еден од најголемите поддржувачи на спортот, со што влијаеме на ширење на здравите животни навики кои носат добро како за секој поединец, така и на заедницата во целина. Соодветно на своите уверувања, Халкбанк е поддржувач на најразлични спортови и спортски настани - од ракомет, преку трчање, велосипедизам, детски тенис...
Трката ХалкЕко ВелоГрин ја започнавме во 2020 година, во екот на пандемијата со Ковид-19 кога беа замрени сите спортски активности. Првиот спортски настан кој се одржа во вакви услови, со следење на сите здравствени протколи и кој доби наша поддршка, беше и ХалкЕко Хронометар 10КМ. Настанот помина успешно што ни даде идеја и мотив да ја организираме велосипедската трка ХалкЕко ВелоГрин, која се одржа и минатиотсептември во Маврово. Минатата година повеќе различни спортски настани добија наша поддршка, а како што спомнавте со исто темпо продолжуваме и годинава.
Инаку, нашата мобилна апликација HalkEco е создадена токму со цел промовирање на спортот и здравиот живот,што од друга страна и со важна цел, дава придонес и за заштита на животната средина.
3.Грижата за природата и животната средина е посебен белег на Халкбанк. Ова секако е и светски тренд и сè повеќе компании во својата општествена одговорност ја ставаат екологијата во прв план. Се случуваат ли промени?
- Ние во Халкбанк сериозно веруваме дека банкарскиот сектор може да придонесе директно и индиректно за постигнување на целите на ООН за одржлив развој - најамбициозната глобална агенда досега за спроведување на одржливост. Затоа и поставивме цели со кои што успешно го трасираме нашиот пат кон одржливост. Во текот на годините на нашето присуство на македонскиот пазар се развиваше нашата репутација и денес сме призната како доверлива банка, ориентирана кон клиенти, иновативна, растечка банка, како и општествено одговорна и еко-пријателска банка.
Она што особено не прави горди е фактот дека сме препознаени како ЕКО ориентирана компанија која низ годините на своето постоење применува бројни ЕКО политики. Особена чест е што оваа наша заложба доби и официјално признание со доделување на наградата за најдобра општествено одговорна практика за животна средина од Министерството за Економија.
Халкбанк е прва еко банка во државата. Нашата банка е партнер кој посветено работи на поголема енергетска ефикасност и подобра животна средина. Во оваа насока имаме направено многу и од денешен аспект сме особено горди на овие резултати кои се одраз на нашата искрена желба да придонесеме за здрава животна средина. Тука од една страна се еко продуктите кои се наменети за поддршка на еколошки проекти како обновлива енергија, енергетска ефикасност, намалување отпад и слично, а од друга, нашата грижа за негување здрави животни навики и заштита на природата.
Промените инаку почнуваат од нас самите, од секоја единка и затоа е многу важно работењето на подигање на свеста на секоја единка. Затоа што така ќе се случат промени. Халкбанк АД Скопје како компанија чија стратегија за корпоративна општествена одговорност се заснова токму на подигање на свеста за еколошки прашања, уште во октомври 2019 година ја креираше мобилната апликација ХалкЕко со која, со низа подароци и бенефиции, ги мотивира граѓаните да пешачат, трчаат или возат велосипед. За возврат, Халкбак презеде обврска за секои 80 километри поминати во овие активности, како кумулативна активност на сите корисници на апликации, да засадува дрвја. Досега, на овој начин се обезбедени речиси 13.000 садници, а емисијата на CO2 е намалена за повеќе од 131.400 кг.
4.Дрвјатa „обезбедени“ од корисниците на апликацијата не се единствени кои ги имате засадено. Но исто така, интересно е дека и други компании ја почнаа истата практика на разеленување на земјава. Сигурно сте задоволни што на некој начин го повлековте „првиот чекор“ на општествена одговорност во оваа насока?
- Општествено одговорни практики во голема мера имаат за цел да влијаат на други. Значи, да ја подигаат свеста и на поединците, но секако и да поттикнуваат други компании на општествена одговорност.
Зачувувањето на шумите, но и на севкупната добросостојба на нашата планета, е нешто што нѐ засега сите и е обврска пред која што не смееме да си дозволиме да застанеме, особено кога се работи за нашата локална заедница. Ние, преку платформата ХалкЕко и преку голем број спроведени акции и иницијативи, правиме навистина големи напори да дадеме видлив придонес кон подобра, почиста и поздрава средина за сите.
Од првата акција за садење одржана на 26ти октомври 2019 година, Халкбанк организираше низа големи и помали акции на садење нови дрвја. Па така, 220 садници се засадија во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, со 6000 млади садници се обнови дрвниот фонд во околината на Велешкото езеро каде претходно имаше силен шумски пожар, а 2790 садници беа засадени во реонот меѓу Битола и Демир Хисар. Акциите продолжија со садење на 9200 дрвја во околината на Куманово, а во околината на Свети Николе на двапати се засадија речиси 16.000 дрвја обезбедени со средства на Банката, но и со пари собрани од уплатените котизации на учесниците во велосипедскитe трки Халк Вело Грин кои веќе две години по ред ги организира Банката во Маврово. Покрај овие поголеми акции, нови дрвја се засадени и во дворот на ЈП Лајка и на повеќе други локации. Вкупно, над 35.000 нови садници засадени во повеќе локации во земјата е придонесот кој досега го имаме дадено за зголемување на шумскиот фонд.
Ова е инаку и нашиот придонес во
рамките на коалицијата Pricless Planet чија цел е до 2025 година во светот да
бидат засадени над 100 милиони дрвја.
Формирањето на Коалицијата во јануари 2020 година го објави Mastercard
како одговор на зголемениот број шумски пожари и природни катастрофи што ја
погодија нашата планета, а октомври истата година Халкбанк влезе во партнерство со оваа голема глобална
иницијатива, со што стана и прва и единствена банка во регионот што се приклучи
на оваа широка Коалиција. Со учеството во коалицијата Priceless Planet само го
засиливме нашиот придонес за подобра животна средина на локално и на глобално
ниво.
ХалкЕко денес е веќе платформа
преку која помагаме и во уредување зелени површини и создавање урбани еко простори. Со наша поддршка се реновираа мостовите
во Градски парк во Скопје, уредивме Зелен Корнер во ТЦ Лептокарија во Скопје, а
истото го направивме и во Гостивар, во општина Аеродром направивме зелен покрив на автобуска постојка, во
Крушево реновиравме мост, во Тетово
и Охрид уредивме еко инклузивни игралишта во основни училишта итн. Со
вакви зелени практики ќе продолжиме секако и во иднина.
5.Очигледно е дека силна поддршка давате и на уметноста и на креативноста. Денот на планетата земја, 22 април, неодамна го одбележавте на интересен начин – со изработка на голем мурал во Маврово. Која е пораката од оваа активност?
- Муралот кој на вкупна површина од 480м2 е изработен на кошаркарскиот терен во рамки на спортските терени од Ресорт Маврово е локација од каде стартува и ХалкВелоГрин трката на Халкбанк. Муралот го изработи познатиот уметник „Пијаниста”, кој е широко препознаен по своите креативни, иновативни и наградувани дела. Приказната која е инспирација и која се пренесува преку оваа негова креација, ги поврзува сите важни темели врз основа на кои е креирана платформата ХалкЕко, како општествено одговорна платформа на Халкбанк АД Скопје, а ја пренесува моќната порака за значењето на грижата за нашата планета Земја и заштитата на Планетата од сите негативни влијанија и глобалното затоплување. Истовремено е и потсетник за тоа дека секој од нас, секоја земја и секое општество мора да даде личен придонес во битката за подобра животна средина. Дополнително, самата локација, Маврово, дава акцент и нѐ потсетува на тоа дека нашето внимание мора да се сврти кон природата, кон шумите, зеленилото, чистиот воздух, водата и обновливите извори на енергија.
Ова е инаку втор мурал поддржан од нашата банка и тоа од истиот автор. Пред две години тој со цртеж на површина од околу 150 метри квадратни на зграда во Скопје го илустрираше корпоративниот слоган на Халкбанк „Важни се луѓето“. Со ова сакавме на креативен начин да придонесеме за вистинско разубавување на градот, но и да им оддадеме почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат.
Културата и креативноста навистина се во нашиот фокус. Од филмски фестивали, театар,музика, фестивалот за илустрација Литера, ликовни и литературни работилници, Skopje Light Art Distrcit, Дајте музика но и бројни други културно-уметнички настани, добија наша поддршка.
6.Наовогодишниот саем на книга во Скопје добивте признание од Македонската асоцијација на издавачи за поттикнување општествена одговорност, а се однесува на „Сликовницата на Халки“. Која е целта на оваа сликовница? И како започна идејата за Халки и децата?
- Поддршката на едукацијата на децата од училишна и предучилишна возраст исто така стои високо на листата приоритети на политиката за општествена одговорност на Банката. Халки е наш бренд за Детско штедење преку кој во стартот спроведувавме повеќе кампањи насочени кон воведување на најмладите, на едноставен и за нив прифатлив начин, во она што го нарекуваме финансиска писменост. Но, Халки со тек на времето стана и „покровител“ на повеќе детски настани, како Чери купот во тенис, едукативни работилници за деца, настани во Градскиот парк и Зоолошката градина во Скопје и други.
А како одговор на тоа дека со Халки станавме партнер поддржувач на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, ја добивме илустрираната приказна „Сликовницата на Халки“ која за Меѓународниот ден на книгата лани, беше подарена на неколку илјади ученици низ државата. Со пакетче училиштен прибор и Бонтон за деца, им посакавме доредојде на 3.000 првачиња кои за првпат седнаа во училишните клупи. Оваа активност се спроведе во 12 општини низ целата држава.
Со „Сликовницата на Халки“ всушност започнавме ново поглавје во нашата политика за општествена одговорност – подигнување на свеста за хуманоста, другарство, поддршка и инклузија на децата во секодјневниот живот, екологија и грижа за животната средина . По промоцијата на екслузивното издание во октомври минатата година сликовницата е дел од бројни хуманитарни и интерактивни настани, а во неколку основни училишта беше обработувана и како наставна содржина. Токму сликовницата нè мотивираше да го започнеме и проектот „Приказни од моето маало“, патувачки едукативно-креативен караван низ неколку градови во Македонија. На овој начин се трудиме на најмладите членови на нашето општество да им ја доближиме уметноста и да ги поттикнеме на творење и препознавање на вистинските вредности.
Оваа сликовница на интересен
начин ги обработува темите за здрава животна средина, инклузија, прифаќање на
различностите, еднакви образовни можности за сите, сето она што е дел од
оштествено одговорните заложби на Халкбанк.
Инаку, ова е долгорочен проект, а
целосната сума од продажбата на сликовницата е наменета за поддршка на децата
без родители и родителска грижа од СОС Детско село.
Во делот на образованието на најмладите нашето внимание е насочено и кон подигање на свеста за потребата од инклузија на лицата со попреченост за достојно и квалитетно да уживаат во животот. Но, и како директна помош за подобрување на можностите за образование на оваа категорија деца преку инфраструктурни подобрувања на училишните објекти. Токму затоа Халкбанк беше донатор на изградба на инклузивно игралишта во основно училишта во Тетово како и на сензорна соба во ОУ во Охрид.
7.Имате навистина бројни општествено одговорни активности. Како успевате сите тие да ги реализирате, особено што како обврска на вашиот маркетинг тим се и кампањите за промоција на производите и услугите на Халкбанк? А и нив навистина ги има многу и постојано бројот им се зголемува.
- Со голем ентузијазам, љубов и посветеност кон работата, но и со добра организација. Конкретно, во однос на општествено одговорните проекти мора да кажам дека имаме навистина голема позитивна енергија која постои не само во нашиот тим кој е директно задолжен за овие активности, туку и во целата компанија.
Секако морам да споменам и тоа дека имаме и соработка со многу институции и организации, државни, приватни и невладини. За многу проекти идеите дошле од нив и понатаму се развивале и се продолжила соработката. Да ги спомнам на пример Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ со кои развивме дел од активностите врзани за Халки. Или соработката со Фондацијата за образование и културни иницијативи „Чекор по чекор“ со кои соработувавме во активности кои се дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ насочен кон подобрување на образовниот процес и подигање на свеста за лицата со попреченост. Соработуваме со многу спортски клубови во реализација на спортски настани. Со образовни институции. Последна е во низата соработката со УКИМ. Тука секако е и соработката со локалната самоуправа, со градот Скопје, неговите општини и другите општини во земјава.
Едноставно, нашиот корпоративен слоган Важни се луѓето е силно инкорпориран во политиките, практиките на човечки ресурси и активности поврзани со сите вработени во Халкбанк АД Скопје. Тоа е она што дава мотивација, и што резултира со раст и успех на Халкбанк на македонскиот пазар.