МАЈА: Откријте го значењето на името кое потсетува на пролет
Маја е име кое има повеќе значења, а меѓу останатото Маја е римска божица на полето и плодовите кои се поврзуваат со пролетта, а по неа е именуван и петтиот месец во годината-мај.
По едно толкување, името Маја доаѓа од грчката митологија, па Маја е една од седумтне ќерки на Атлант и Плејонија. Била најстара, најубава, но и најстрамежлива. Во неа, според митологијата се заљубил Зевс, на кој му го родила синот Хермес.
Според некои, името е со корен „ма“ што значи „добра мајка'.
Во хунди митологијата, Маја е божица на илузијата и невистинското, а самото име значи „илузија“.
Маја е име кое асоцира на пролет и во себе ја носи живоста на ова годишно време, а многу популарно низ целиот свет.
Оние со име Маја, важат за оригинални и инвентивни личности кои се сериозни, предадени и стабилни. Имаат желба за нови знаења и сакаат да делат со другите. Да се следи среќата за овие личности значи да се занимава со истражување на различни полиња.