Мајчиниот глас го поттикнува равзојот на бебето

Добивај вести на Viber

Говорот на мајката, нејзиниот глас, го поттикнува развојот на левата страна на мозокот кај новороденчиња. Тој дел од мозокот е одговорен за развој на моторните способности.

Мајчиниот глас има важна улога во активирање на мозокот на новороденчињата и тоа 24 часа по раѓањето.

Истражување при Институтот во Монтреал и Клиничкиот центар Сент Џастин открило дека додека мајките зборувале, левата страна на мозокот на бебето би се активирала.

Од друга страна, додека бебињата ги слушале гласовите на докторите и медицинските сестри реагирала десната страна на мозокот. 

„Ова беше возбудливо истражување кое докажало по прв пат дека мозокот на новороденчето реагира многу силно на мајчиниот глас и покажува дека мајчиниот глас научно докажано е посебен за бебето“, рекла водачката на истражувањето Мерси Ласонда.