Мајка ги стави децата во кутија за да „купи“ 30 минути мир: Мислењата на родителите се поделени (ВИДЕО)
Мајката Габриел Дан се најде на удар на критики откако ги стави своите две деца во кутија за да може да заврши некои работи низ домот. Таа објави видео на „TikTok“ во кое покажа дека ги ставила двете деца во картонска кутија. Им дала боички и така си „купила“ мир за да го исчисти домот со правосмукалка.
И додека некои сметаат дека нејзината идеја е брилијантна и веруваат дека не им направила ништо лошо на децата, други не се толку импресионирани и ја нарекуваат сурова и мрзелива.
@mrs.gabidunn #stitch with @abbyfranco6 PURE GENIUS. Glad we hadn’t broken the box down yet!! #toddlermom #babysitter #nanny #mom #momlife #momsoftiktok #cleantok #toddlerhack #parentingtips #parenthack
„Зарем немаат соба за играње?“
„Кога твоите деца ќе ги бојат ѕидовите со боички, запомни дека ти си внимовна“, се дел од коментарите.
Дан призна дека идејата ја добила од друга мајка, Аби Франко, која на „TikTok“ се пофали дека на овој начин добива „драгоцени 30 минути дневно за себе“.
Што мислите вие?
Извор: www.index.hr