,

Мајка го продала своето дете за 6000 фунти

Добивај вести на Viber

Жена од Кина ја продала својата ќерка на трговци со луѓе, а потоа отишла во трговски центар каде купила многубројни козметички производи. Младата мајка Ју од Кина го продаде 19 месечното дете за 6.000 фунти.

Таа се упатила во трговски центар и купувала козметика. Кинеските медиуми пишуваат дека Ју е млада мајка и била уапсена заедно со уште двајца кои се под сомнение дека им го продала детето. 

Ју на почетокот тврдела дека нејзината ќерка исчезнала на железничката станица, а случајот го пријавила после 20 часа. На основа на истрагата, полицијата дознала дека Ју добила 6.000 фунти на својата банкарска сметка на денот кога нејзината ќерка "исчезнала". Инспекторите веднаш се посомневале дека парите ги добила од лицата кои се занимаваат со трговија на луѓе.

Мајка на 20 месецов патувала со својата ќерка Хуаху од градот Џенгџоу до покраината Хенан. Кога пристигнале на железничката станица, ја продала својата ќерка на двајца мажи кои се занимаваат со трговија на луѓе под името Веј и Ли.

Полицијата откако добила пријава за исчезнатото дете, тим на инспектори веднаш отишле на железничката станица и ги прегледале сигурносните камери кои ги снимила сите настани во изминатите 24 часа. Секако ги провериле и сите трансакции на нејзината сметка и ја воочиле големата сума на пари која ѝ пристигнала  истиот ден. Покрај овој износ, другата трансакција потврдила дека оваа мајка откако го продала детето отишла на шопинг и потрошила околу 700 фунти за козметика.

Ју подоцна признала дека го лажирала исчезнувањето на детето за да го прикрие продавањето на ќерката. За повторното враќање на малото девојче, трговците побарале 1.200 фунти и малото девојче е спасено. Ју била уапсена во истиот момент, а полицијата го повика нејзиниот сопруг за да го преземе малото девојче.