Мајка ѝ ја породила на задното седиште во автомобилот: „ Никогаш нема да го заборавам тој страв - Пеколот почна кога папочната врвца почна да го гуши бебето“

Добивај вести на Viber

Лорен Вилијамс (24), млада мајка од Велика Британија, неодамна го прослави првиот роденден на својата ќерка Харпер Реј. Во таа прилика се сети како таа дојде овој свет. Оваа млада девојка реши да ја сподели својата необична приказна со светот.

-Толку брзаше да се роди па морав да се породам на задното седиште од автомобилот на пат кон болница, а бабица ми беше мајка ми - се присети таа и додаде дека никогаш во животот не почувствувала поголем страв. Таа вечер веднаш отишла во болница со нејзината мајка Хејли Вилијамс (54) и остатокот од семејството бидејќи почнале породилните болки. Контракциите станувале се почести.

Во автомобилот биле нејзиниот партнер Лук Сермандел (28) и сестрата Дина. Кога сфатиле дека нема да стигнат до болница на време, се паркирале на страната на патот.

-Мама беше на телефон со докторите од итна помош кои ѝ кажуваа што да прави.

Главата на малата Харпер брзо ѕирнала, околу 15 минути откако излегле од дома. Но, наместо да бидат среќни што ја видоа, нив ги фатило паника. Папочната врвца била завиткана околу вратот на бебето.

- Навистина се плашев. Сестра ми и мама се обидуваа да ја одвиткаат. За среќа, по некое време успеаја - се присети Лорен, која веќе ја имала 3-годишна Руби.

Набрзо пристигнала брзата помош, а по 20 минути Лорен и бебето биле во болница. Лекарите ги прегледале и констатирале дека се добро. По неколку часа тие веќе биле на пат кон дома.

- Се уште не ми се верува дека тоа навистина се случи, беше навистина лудо. Никој не можеше да го предвиди. Харпер почна да зборува, може да каже „мама“ и „тато“. Кога ќе размислам денес, не би го заменила породувањето во кола за ништо на светот. Да можам, утре би го направила сето тоа повторно – додала таа, пренесува Њујорк пост.

Фото: lorienvilliams/SWNS