Мајка на четири девојчиња и пејачка: Инспиративната приказна на Ана Стилвел
Светот на модата е составен од топ модели, но Parfois верува дека на светот му се потребни жени кои со својата приказна се инспирација за сите. Последната кампања наречена “Оur model is a role model” e посветена токму на овие жени, изнаоѓајќи начин да ја раскаже приказната на овие жени.
Секое ново поглавје раскажува фасцинантна приказна на вистинска жена како пејачката Ана Стилвел и моделот Фани Вајц.
Концептот на кампањата, развиен од страна на рекламната агенција, Узина, ја допира сржта на Parfois – бренд направен од една жена за сите жени.
Првото поглавје, кое во главната улога ја има Ана Стилвел, мајка на четири девојчиња и пејачка, го прикажува нејзиното патување во трејлер со целата фамилија во времетраење од три месеци додека го промовирала албумот "Life Trip".
Следната ѕвезда е Фани Вајц, манекенка која е родена со потешкотии во слухот и говорот и е избрана за Мис Унгарија и која ја користи својата слава за да ги охрабри сите да ги следат своите соништа.
Новата кампања наскоро ќе биде лансирана на социјалните мрежи на брендот во повеќе од 70 земји во кои тој функционира.
ЗА PARFOIS:
PARFOIS e португалски бренд за мода и модни додатоци создаден во 1994 година од страна на Мануела Мадеирос. Нејзиниот сон беше да создаде високо квалитетни модни додатоци достапни за сите жени. 25 години подоцна брендот има повеќе од 1000 продавници во 70 земји.