Мајка на три деца во Кочани прободена 40 пати со нож: Грозоморно убиство

Добивај вести на Viber

МВР објави дека 46-годишна мајка на три деца утринава во Кочани е убиена со 40 убоди со нож по претходна расправија со 56-годишниот У.Р. Тој ми беше најголема грешка во животот и се плашам дека ќе ме убие, се жалела убиената 43 годишна кочанчанка, пренесува ТВ Стар.

Т.М. е убиена пред својот дом рано изутрина околу 6.00 ласот. Осомничениот без да се обиде да бега ги дочекал полицајците и се предал без отпор. Неофицијално, жената се подготвувала да оди на работа.

„Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.“, информира Боби Гидиоски, началникот на СВР Штип.

Подетално погледнете на Фактор тука.