Мајка одмазднички го убила силувачот на нејзината ќерка Ана (7): Еве како го егзекутираше во судница во Германија
Фото: STF / AFP / Profimedia
На 5-ти јули 1980-та година, Клаус ја киднапирал седумгодишната Ана и ја држел неколку часа во нејзиниот дом, каде што наводно сексуално ја нападнал и на крајот ја задавил со најлонски чорапи.
Мариен Башмајер, попозната како мајката одмаздник, го уби Клаус Грабовски (35), кој во 1981-ва година се појави пред германскиот Окружен суд за силување и убиство на седумгодишното девојче Ана.
„Ми ја уби ќерката, јас сакав да се убијам“, рекла Мариен.
„Ана, го направив тоа за тебе“, искрено рекла мајката откако го убила убиецот на своето девојче.
На 5-ти јули 1980-та година, Клаус ја киднапирал седумгодишната Ана и ја држел неколку часа во нејзиниот дом, каде што наводно сексуално ја нападнал и на крајот ја задавил со најлонски чорапи.
Има и видео од реконструкцијата на моментот кога мајката го застрела осомничениот, предупредуваме дека е вознемирувачко!
Според обвинителот, тој ја врзал девојката и ја спакувал во кутија што ја оставил на брегот на каналот, а потоа неговата вереница го пријавила во полиција.
Мажот претходно бил осуден за сексуално злоставување на две девојчиња, а во 1976-та година доброволно бил подложен на хемиска кастрација. Подоцна беше откриено дека тој последователно бил подложен на хормонски третман за да се обиде да ја смени кастрацијата.
Откако бил фатен, рекол дека девојчето намерно сакало да ѝ каже на мајка си дека ја малтретирал за да му изнуди пари. Рекол и дека го натерало да ја убие.
На денешен ден пред 43 години, на третиот ден од судењето, мајката внесе пиштол во судницата и го уби Клаус Грабовски за да се одмазди за своето девојче.
Таа пукала седум пати, а мажот бил констатиран мртов на местото на настанот. Откако смртно го ранила, го фрлила пиштолот и се предала на полицијата.
Таа првично беше обвинета за убиство, а подоцна обвинителството го преиначи обвинението во убиство од небрежност и недозволено поседување оружје.
Во 1983-та година судот ја осудил на шест години затвор, а во 1985-та година била ослободена.
Таа почина 11 години подоцна, на 46-годишна возраст и беше погребана до нејзината Ана.
Извор: Telegraf.rs