МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ДОБИЕ ОКСФОРДСКАТА ВАКЦИНА: Ќе биде бесплатна за граѓаните

Добивај вести на Viber

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести присуствувала и проф. д-р. Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација, при што било разговарано за набавката на вакцините и за сезонски грип, како и за вакцината против Ковид-19, која се уште е во последните фази на тестирање.

Од Комисијата за заразни болести за Фактор потенцираат дека Македонија ќе ја набавува оксфордската вакцина, но уште ќе помине време додека да биде дистрибуирана во земјава.

-Македонија е една од државите која е ставена во тој така наречен КОВАКС механизам за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини против Ковид -19. Нучниците брзо ја развија вакцината пред се поради претходните вирусни инфекции на САРС и МЕРС, за кои имаше доста сознанија, но и покрај тоа тестирањата се уште траат. Мора да се почека одреден период за да се види колку време по примањето на вакцината во човековиот организам има антитела кои успешно се борат, односно човековиот организам е отпорен на корона вирусот. Може тоа да биде 3 месеци, 6 месеци, за сега не се знае, заради што најверојатно ќе биде потребно повторно вакцинирање, велат од Комисијата за заразни болести.

Повеќе информации за вакцината прочитајте на Фактор.мк