„Македонијо моја сакана“: Цеца со емотивни зборови ѝ се обрати на публиката на почетокот на концертот во Куманово

Добивај вести на Viber

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вечеравечер на 15 јуни настапи во Куманово.

Таа го започна својот концерт со емотивни зборови до публиката:

„Добра вечер Куманово, добра вечер Македонијо моја сакана! Се надевам дека бевте горди кога нашиот Мики беше вицешампион, го заслужи тоа, заслужи да победи со Шејла, два одлични изведувачи, но се покажа дека тука има вистински таленти. Ви благодариме многу за вашата поддршка, и ние ќе продолжиме понатаму!“ - рече Цеца и запеа.

Инаку,  местото беше исполнето до крај и како што велат „иглата нема каде да падне“.

Цеца блесна во елегантен светкав фустан во сирена крој кој ги истакна сите нејзини атрибути и линијата која ја доведе до совршенство.

Поранешниот победник на „Пинкови ѕвездички“ Мите Стоилков, воедно и пејач на „Џеј трибјут бенд“, кој неодамна беше претставен во јавноста како голем проект зад кој е основач познатиот Александар Радуловиќ Фута, ја имаше честа да ја сподели сцената со балканската ѕвезда.

Марина и Фута ја изградија кариерата на Џеј со безвременски хитови, а честа да биде пејач на „Jay Tribute Band“ му припадна на Мите Стоилков, по избор на Фута.

(Telegraf.rs)

Фото: Куманово Спа