Македонката Ангела Котуровиќ- фаворит за победа во „Ѕвездите на Гранд“ отпадна: Дали го заслужи ова?!

Никој не знае со сигурност зошто се случи тоа кога таа пееше и изгледаше врвно. Социјаните мрежи се преполни со коментари насочени кон жирито, а одговор нема.

Струмичанката Ангела Котуровиќ, која долго време се занимава со музика, отпадна од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ синоќа, а многумина беа изненадени кога не помина понатаму.

Иако ги воодушевуваше членовите на стручното жири и постојано добиваше пофални зборови од нив, синоќа Ангела отпадна без никаков нивни коментар.

Нејзините обожаватели преку социјалните мрежи негодуваа за оваа одлука на жирито, и многумина рекоа дека требаше да оди понатаму.

-Како е можно ова, жал ми е што испадна, но мило ми е што луѓето слушнаа колку убаво пееш и каков прекрасен глас имаш.

Одличен вокал! Не ти треба победа, ти си дефинитивно ѕвезда. Би сакала да те слушам во живо, ова се само дел од коментарите што на социјалните мрежи и ги оставаа  на Ангела.