Македонката Ева успешен модел во Швајцарија: „Сама успеав сѐ“

Добивај вести на Viber

Веќе 13 години, Кичевчанката Ева, или како што гласи нејзиното уметничко име, Каја е иселена од Mакедонија.

На свои 24 години таа заминува и решава да му се насладува на животот во Швајцарскиот град Базел.


Таму таа е познат модел, гради моделска кариера, а сексапилот е нејзин заштитен знак.

„Бројни модни агенции ме бараат за соработка. Се појавувам како модел на многу манифестации и настани, промоции. Последни во низата беа изборот за Мис и Мистер во швајцарскиот град Паерне, на кој бев претседателка на стручното жири, на покана од страна на “Suisse Franchophon” и makeup Beauty Messe манифестацијата во Цирих, ни раскажа оваа девојка.


Како започнала нејзината моделска кариера...

„Случајно на улица ме сретна фотограф од градот, ме фотографираше и ми предложи да ги продаде сликите во списанија. Така започна мојата приказна, во сѐ случајност. За почеток почнаа да ме бараат приватни фотографи, потоа почнав со маркетинг презентации и организации на настани“ , вели Каја за Женски магазин.

Како модел, таа се појавува и во онлајн списание, а заштитно лице е и на козметичко студио.

Каја или Ева, сеедно, има соработувано и со познати спортски брендови, а меѓу попознати е брендот Пума.

Но, за да изгледа како што изгледа, младата Каја вели дека доста време поминува во вежбање, се грижи за изгледот но и за исхраната. Претежно носи брендирана облека, обожува крзнени бунди, а омилени брендови и се познатите Gucci и Guess, и козметичкиот бренд Dior.


„Секо утро станувам рано и од 8 до 11 часот најчесто вежбам. Претежно се трудам да се хранам здраво колку ми дозволуваат секако и обврските, но понекогаш знам да си дозволам и да си каснам и слатки“ , вели Каја.


Таа ни кажа и дека три пати неделно вежба фитнес јога и кик бокс.

Во однос на тоа колку е нејзиниот изглед природен, Каја вели дека за неа се грижи специјално козметичко студио чие заштитно лице е самата таа, но и дека е целосно природна освен хијалуронот на усните.


„Козметичар посетувам секоја недела за чистење на лицето, и користам мезотерапија за одржување на младешкиот изглед“, вели Каја, која ни откри и дека сама се шминка и избира облека за настаните на кои се појавува како гостинка, хостеса или пак модел.


За животот во Швајцарија, оваа Македонка вели дека е напорен и стресен, се мора да биде како под конец.


„Животот тука искрено е тежок, успеав сама сѐ, до ден денес. Тоа е тежок и трнлив пат кој бара големо трпение“, додава таа.


Засега, Каја се занимава само со моделство, од чија заработка вели дека е задоволна.

„Често ме покануваат на настани да се појавувам само како гостинка, на прослави, фирми и холдинзи, и тоа ми е добро платено. Исто така изработувам реклами, правам проекти. На пример во на 27-ми ноември се одржа една од најпознатите манифестации за makeup Beauty Messe во Цирих. Тоа е настан за презентирање на познати makeup врвни козметички брендови, а јас бев единствената Македонка таму“, вели Каја.


Слободното време, обично за време на викендите, Каја вели дека често го поминува со пријатели.


Ирена Ставрова