Македонките по мирисот се (пре) познаваат: Топ 5 најпродавани женски парфеми во 2019

Добивај вести на Viber

Убава кожа, сјајна коса, уредни нокти, и беспрекорен избор на облеката- но стилот го карактеризира, ако не и најмногу- избор на вистинскиот парфем.

Французинките отсекогаш знаеле дека парфемот зборува повеќе за нивниот карактер од зборовите и го бирале со посебно внимание, а го нанесувале за секоја прилика.

За парфемот постојат правила за нанесување (на точките на пулсирање или на коса ако не сакате да ви предизвика алергија или да ви остави дамка на облеката) , утрински и вечерни, зима (потешки)-лето (посвежи) , помалку е повеќе...

Парфемот кај нас нема златна средина. Или не го шприцаме, или го шприцаме со литри. Вечерните преку ден, денските навечер. Зимските налето, летните, во зима. Ако некој мирис е хит, сите мирисаат на него.

Ова се Топ-5 најпродавани женски парфеми годинава во најголемите македонски парфимерии.

„Космо“

1.Carolina Herrera Good Girl edp

2. Calvin Klein Woman edp

3. Bvlgari Omina Crystaline edt

4. Lancome La vie est Belle edp 

5. Paco Rabanne Pure XS edp.


„Еликсир“


1. Lancome Idole

2. YSL Libre edp

3. Armani Si Passione

4. Calvin Klein Women edp

5. Chloe Nomad edp.


„Анабела“

1.Versace Crystal Noir

2. Tom Ford Fucking Fabulous

3.Carolina Herrera Good Girl edp

4.Dior J’Adore

5.Burberry Her


Л.С.