Македонската каратистка Пулексенија фам фатал на море: Гордо го покажа телото со витилиго

Добивај вести на Viber

Македонската каратистика Пулексенија Јовановска, деновиве ужива на плажа покрај море.

Младата прилепчанка гордо ги покажа дамките на своето тело, кои ги има поради витилигото. Нашата најпозната каратистка отворено зборува за оваа кожна болест. А на последните фотографии кои таа ги сподели со следбениците во преден план се нејзините атрибути кои го прават нејзиното тело извајно.

Инаку, Витилиго е кожно нарушување во кое меланоцитите на клетките на кожата кои произведуваат меланин се уништуваат од имунолошкиот систем на телото, предизвикувајќи кожата да ја изгуби својата боја и да резултира со белузлави, мазни дамки на кожата. Витилиго се јавува кај околу 1% или малку повеќе од популацијата ширум светот. Тоа може да се случи кај сите полови и етнички групи, а генерално ја погодува возрасната група помеѓу 20 и 30 години.


„Одете и пронајдете што вибрира во вашето битие. Вибрациите не лажат“, напиша Пулексенија под објавата.


Фото: Инстаграм - Пулексенија Јовановска