Македонската Кендал Џенер: Која е убавицата од Куманово која ги освојува светските модни писти

Арбенита Исмајли е модел кој соработува со многу познати брендови и дизајнерки куќи, меѓу кои и глобално познатиот бренд Fashion Nova. Таа е родена во Куманово, има 24 години и полека но сигурно ги освојува светските модни писти. 


Оваа атрактивна убавица е мајка на едногодишната Нина и е сопруга на косовско-албанскиот рапер кој се потпишува под севдонимот Феро.






Таа има армија од околу 700.000 следбеници на Инстаграм и верни фанови кои го следат секој нејзин чекор.





Но интересно е и тоа што Исмајли премногу наликува на светски познатиот модел Кајли Џенер (иако според многумина Арбенита е многу поубава од неа).



А и малкумина знаат дека таа е сестра на водителката и новинарка на ТВ 21 Алмедина Исмајли.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм - Арбенита Исмајли/Кендал Џенер