Уште еден новитет од градинките „Светот на Колорес“: Малите актери во детски Македонски народни приказни
Приватните градинки за деца „Светот на Колорес“ со уште една неверојатна идеја
Имено дечињата од градинките на возраст од четири до пет години се покажаа во одлично светло како актери во детски Македонски народни приказни.
Тие спонтано се подготвуваат во градинките и се како вистински професионалци пред камера, прикажувајќи приказни со моќни пораки и поуки.
Погледнете ги приказните:
„Со слога царство се гради“
„Добрината со добрина се враќа“
Приватните градинки за деца „Светот на Колорес“ неодамна прославија шест години успешна приказна, од која се дел три објекти низ нашиот главен град Скопје и безброј насмеани лица на дечињата кои ги посетуваат. Ова е само уште еден доказ за нивната препознатливост по посебниот начин за грижа и едукација на децата, и наставен кадар кој апсолутно се вложува во воспитувањето на децата.
Следуваат уште епизоди на детски Македонски народни приказни од овие умни главчиња, а се очекува и да се емитуваат на некоја од нашите национални телевизии.