Македонски Телеком донираше интернет за далечинско учење за 30.000 деца од семејства со социјален ризик

Добивај вести на Viber

Во соработка со Министерството за информатичко општество и Министерството за образование и наука,  Македонски Телеком ќе им овозможи на децата од ранливи социјални категории да бидат вклучени во процесот на онлајн учење до крајот на учебната година. 

Преку 30.000 ученици од нашата земја, кои доаѓаат од семејства со социјален ризик ќе добијат мобилен интернет за следење на задолжителната онлајн настава.

„Еден од најголемите приоритети во вонредната ситуација е непречено образование на децата. Ние имаме обврска не само да обезбедиме силна и стабилна интернет врска, туку и да придонесеме кон еднакви услови за учење за сите деца. Инклузијата на ранливите категории во дигиталниот свет е обврска на сите, особено сега, кога единствениот пат по кој се движиме е онлајн“ – изјави Никола Љушев.

Донацијата е наменета за ученици од основните и средните училишта, а интернетот  ќе може да се користи само за наставните програми на Министерстото за образование и наука.

Во Македонија околу 30 000  деца доаѓаат од семејства со социјален ризик и немаат основни средства за учење по електронски пат. Ова е еден чекор напред кон решавање на предизвикот за обезбедување еднакви услови за дигитална настава за сите деца.