Македонски Телеком ќе донира 2 милиони денари за граѓаните погодени од пожарите

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за помош на граѓаните кои живеат во областите погодени од големите пожари. Донацијата ќе се реализира во соработка со Црвениот Крстна РСМ.

Техничките екипи на Македонски Телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани. 

Во соработка со Црвениот Крст, ставен е во функција и бројот за донации 143 400 на кој секој може да донира.

Пожарите предизвикаа голема материјална и емотивна штета на голем број наши сограѓани и наша обврска, како општествено одговорна компанија е да покренеме иницијатива за помош, која се надеваме ќе ја следат и останатите приватни компании.

ПР објава