Макрон ѝ понудил азил, но таа сака да остане во Русија - еве што се случува со новинарката која упадна во живо во емисија со антивоен плакат

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која го прекина преносот во живо на руската државна телевизија мавтајќи со анти-плакат, поднесе оставка, пишува The Guardian. Во текот на вчерашната емисија таа изјави дека поднесува оставка и дека не ја прифатила понудата на Франција за азил.

Работела на рускиот прв канал, а за време на вестите протестирала против руската инвазија на Украина. Таа беше приведена по протестот, а московскиот суд ја казни со парична казна од 30.000 рубљи. И покрај тоа што е ослободена, таа сепак може да се соочи со затворска казна според новите закони.

Овсјаникова, која е мајка на две мали деца, рече дека со нејзиниот потег го „растурила животот на нејзиното семејство“ и опиша зошто го направила тоа.

Детали читајте на Фактор тука.