Мал моден совет: Како никогаш да не ви се искинат хулахопките

Добивај вести на Viber

Дали има полошо чувство од тоа кога ќе облечете неотпакувани хулахопки и ќе сфатите дека сте ги „закачиле“.

Понекогаш тие се кинат додека ги облекуваме (честопати и пред тоа), но еве што треба да направите со нив пред да ги носите за прв пат.

Есента и зимата се вистинско време за хулахопки! Сепак, тие се кинат толку често и толку брзо, но тоа не мора да се случува повеќе. Еден мал трик значително ќе го продолжи нивниот животен век.

Што е тоа?

Пред да ги облечете за прв пат, навлажнете ги со вода, а потоа исцедете го вишокот вода. Потоа ставете ги - по можност преку ноќ - во пластична кеса во замрзнувачот. Следниот ден, оставете ги да се исушат на собна температура.
Ефект: заради студот, конците се компресирани, па затоа стануваат еластични, и затоа и потрајни.

Што друго помага?

Хулахопките секогаш мора да бидат целосно на стапалото пред нежно да ги повлечете нагоре. Тогаш, всушност, ништо не може да тргне наопаку.