Мал трик: Која е тајната на фустанот на српската дизајнерка во кој Кејт Мидлтон се појави три пати? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Навидум едноставен модел потпишан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ ја маѓепса војвотката од Кембриџ, а нејзината главна финта е детаљ инспириран од делата на Мондријан, што значително влијае на впечатокот што го остава.

Минатата година, додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон работеа од дома, војвотката од Кембриџ привлече големо внимание кога се појави во стар фустан што некогаш ја запали британската модна сцена. Станува збор за жолт фустан со средна должина, кој носи потпис на една од најценетите дизајнерки во Велика Британија - србинката Роксанда Илинчиќ. Со денови модните портали во Англија и низ Европа пишуваа за волшебниот ефект на ова парче, иако Кејт седеше пред лаптоп и се гледаше само горниот дел од нејзината комбинација на облека.

Што е тоа што овој модел, кој Кејт Мидлтон го носеше трипати, што го прави секојпат главна тема меѓу љубителите на модата?

Овој фустан има ракави кои достигнуваат скоро до лактот и деколте во форма на квадрат, исечен под градите, а најинтересниот - и клучен - детаљ е „судирот“ на ефективно жолто-бело, особено во долниот дел, каде што белата изгледа како вметната ткаенина и ја разбива монотонијата.

Главниот трик што се применува во случајот на овој фустан е тоа што Роксанда применила т.н. "блокирање на бојата". Тоа е техника со која се поставуваат бои едни покрај други кои се спротивни, што создава интересни и многу впечатливи комбинации. Овој тренд, кој доживеа голем успех во последните години, е инспириран од делата на Мондријан, велат модните експерти.

Кејт најпрво ја видовме во овој фустан, кој чинеше 900 фунти, во 2014 година, за време на нејзината посета на Сиднеј. Војвотката потоа беше видена во него во 2016 година на натпревар на Вимблдон.

Кога го облече за последен пат, за време на видео повик со здравствени работници во Австралија, таа го комбинираше со златни обетки во форма на лист од познатата марка Кетрин Зораидија, за кои пишуваа „Дејли меил“ дека чинеле 165 фунти.

извор:GLOSSY
фото:Profimedia