Актуелно // Insta вести
Малата Искра преслатка во бело фустанче: Фудбалерот Александар Трајковски направи крштевка за ќерката
- 08 Септември, 2024
Македонскиот фудбалер Александар Трајковски и сопругата Александра направија крштевка за нивната ќеркичка, Искра.
Малата Искра со нејзиното братче Матеј биле облечени во бели комбинации, Александра одбрала модерен фустан во ментол боја, додека Александар одбрал опушетна комбинација помеѓу елегантно и спортско во кремова боја.
„Среќна кршетвка, принцезо моја“, напиша Александар.
Среќното семејство имаат објавено неколку фотографии од церемонијата, но и од фотосесијата направена во дворот од црквата.
Македонскиот репрезентативец Трајковски, со шармантната Србинка е во брак повеќе од 10 години.
Фото: ИнстаграмРЖМ