МАЛАТА КАРА ГИ ПОМИНА БОЛНИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ, БЕЛГРАД, ЗАГРЕБ, ЉУБЉАНА: „Лекувањето мора да продолжи во Шпанија“, таткото Васе Селовски за реткото заболување

Добивај вести на Viber

- Кара прв пат се онесвести во училиште пред скоро две години, односно во јуни 2022 година, оттогаш почна нашата борба, вака го започна разговорот за Фактор, нејзиниот татко, Васе Селовски, кој има поминато низ многу тешки ситуации, прво за да се дојде до некаква дијагноза на болеста од која пати Кајара, а потоа и да се обезбедат точни лекарства.

Вели дека паѓањата во несвест се случувале сосема ненадејно, на почетокот по едно во текот на една недела на пример, но потоа, нападите биле толку чести, што било невозможно да се избројат, и до 230 пати во тек на 24 часа.

-Во првите месеци, пред да се воспостави одредена дијагноза, која што за жал уште не е доутврдена, Кара паѓаше во несвест без некои пропратни манифестации, но подоцна почнаа да се јавуваат тресење на рацете и нозете, грчеви и невидени болки. Изгледаше сосема исто како кога добиваат напад луѓето кои патат од епилепсија. Така и почнаа испитувањата. И беше земен ликвор, течност од рбетен столб, по што анализата на ГАД (декарбоксиклаза на глутаминска киселина) покажа вредност од 6,5, а референтната вредност за ова е само 0,02. Станува збор за автоимун процес кој прави невролошки нарушувања. Анализата од Турција всушност покажа дека Кара е има реткото заболување, автоимун енцефалитис. Ѝ беше дадена одредна терапија, но, само кратки периоди беше во добра состојба. Нападите стануваа се почести, вели нејзиниот татко.

Во борбата да направи сè за да неговата ќерка добие соодветна терапија, самиот правел контакти со лекари невролози од регионов, но и со лекари од повеќе европски болници.


Продолжува на Фактор.мк