МАЛАТА ПРИЦЕЗА ШАРЛОТА ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Таа наскоро ќе направи нешто што ниедна англиска наследичка не можела
Принцезата Шарлота, ќерката на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, ќе влезе во историјата по раѓањето на нејзиниот помал брат или сестричка.
Велика Британија овие денови го очекува доаѓањето на свет на третото дете на принцот Вилијам а во моментот кога тоа ќе се роди, постарата сестра Шарлота ќе стане прва женска наследничка на британската круна која ќе ја задржи својата позиција во линијата наследници.
Значи, без разлика на тоа дали ќе се роди принц или принцеза, Шарлота останува четвра по ред наследничка на круната, зад својот дедо Чарлс, таткото Вилијам и постариот брат Џорџ.
Детето кое ќе се роди ќе биде петто по ред во линијата наследници, и чичкото Хари ќе го спушти на шесто место.
Шарлота ќе биде првата принцеза во историјата која ќе има предност на наследување на круната пред помладиот брат, ако се роди принц.
По законот за наследување од 2013 е укината машката примогентура, па принцовите повеќе немаат предност над постарите сестри.